Левандовски, четвртиот играч кој на Реал му дал четири гола

Роберт Левандовски е само четвртиот фудбалер во историјата, кој против Реал Мадрид успеал да постигне четири погодоци на еден натпревар.Пред полскиот репрезентативец, тоа им успеало на Жозеп Самитиер, Еулогио Мартинез и Диего Милито.Самитиер бил ѕвезда на Барселона во 20-ти години од минатиот век, а интересно од Барса во 1932 година се преселил во Реал. Самитиер четири пати бил прецизен против Реал во 1926 година.Мартинес четирикратен стрелец против Реал бил во 1957 година во првенствената победа на Барселона над Реал со 6:1. Парагваецот е запаметен и како стрелец на првиот гол на сегашниот стадион на Барселона „Ноу Камп“.Аргентинецот Диего Милито, кој настапува во Интер, во 2006 година како играч на Сарагоса во полуфиналето во „Купот на Кралот“ постигнал четири голови во победата на неговиот тим со 6:1. Икер Касиљас засекогаш ќе го памети Милито, бидејќи тој е првиот и засега единствениот играч кој го совладал четири пати на еден натпревар.Левандовски, до подвигот стигна во средата навечер, кога ги постигна четирите погодоци со кои Борусија го победи Реал со 4:1, во првиот полуфинален натпревар во Лигата на шампиони.Полскиот репрезентативец е деветтиот играч во историјата на Лигата на шампиони кој на еден меч постигнал четири голови, пред него тоа им успеало на Марко ван Бастен, Симоне Инзаги, Дадо Пршо, Руд ван Нистелрој, Андриј Шевченко, Лионел Меси, Бафетеми Гомис и Марио Гомез.Левандовски е единствениот играч кој во Лигата на шампиони против Реал постигнал три или повеќе голови.
МакфаксРоберт Левандовски е само четвртиот фудбалер во историјата, кој против Реал Мадрид успеал да постигне четири погодоци

Пронајдете не на следниве мрежи: