Левица бара Уставниот суд да отвори предмет за преиспитување на уставноста на измените во Кривичниот закон што ги усвои Собранието.
Со донесените измени на членот 353 од Кривичниот законик, според Левица, наместо да се заострува казнената политика за злоупотреба на службената положба, таа ги намалува казните и декриминализира голем дел од корупцијата при јавни набавки.
– Наместо да се донесе новиот Кривичен законик, на кој работеше група експерти и седум години стои во фиока, ДПМНЕ целосно ги игнорираше забелешките од експертите искажани на јавната расправа и ги донесе скандалозните измени на членот 353, велат од Левица.
Јасно е, велат од Левица, дека со ваквите штетни измени ќе следи уште побрзо застарување на криминалот од функционерите и службените лица.
– Тенденцијата на корумпирана власт очигледно е да обезбеди идна амнестија за криминалните тендери доделени на фирми на роднини и пријатели на нивните функционери и повторно никој да не одговара за системскиот грабеж на парите на граѓаните, оценува Левица.


