Политичката партија Левица предупредува дека власта преку два предлог закона се обидува да издава дозволи за експлоатација без решени имотно-правни односи.
– Деновиве во Собранието се пристигнати два предлог-закони по скратена постапка, едниот за концесии и јавно приватно партнерство, а другиот за минерални суровини, со кои буквално им се дава амин на насилничките странски компании да можат да ги занемарат законите за приватна сопственост, за јавни набавки и за заштита на конкуренцијата. Со ова се отвара можност да им се одзема имотот на граѓаните доколку постои интерес за одредена локација, како и политичка селекција на концесиите, велат од Левица.
Оттаму велат дека нема да дозволат да се усвојат овие закони.


