Левица ги претстави своите кандидати во 10 општини низ државата, меѓу кои: Гевгелија, Куманово, Македонски Брод, Крушево, Кочани и 5 други.
*Фејсбук објава на партијата Левица
Со гордост го претставува новиот бран кандидати за градоначалници на локалните избори 2025 година. Станува збор за вистинските луѓе, со интегритет и длабоки врски со своите заедници, кои ја споделуваат визијата за чесна, транспарентна и праведна локална самоуправа.
Кандидатите за градоначалници на Левица за престојните локални избори се:
ГЕВГЕЛИЈА – Тони Аврамов, професор по македонски јазик;
КУМАНОВО – Мирослав Петковиќ, актер и м-р по сценско-изведувачки уметности;
Македонски БРОД– Марјан Ѓурчески, магистер по фармација;
КРУШЕВО – Зоран Јаневски, дипломиран сообраќаен инженер;
КОЧАНИ – Жаклина Филипова Свеќаровска, професор по македонски јазик и литература, член на Советот на Општина Кочани;
ИЛИНДЕН – Марјан Маринковски, пензионер и поранешен командир и лидер на тим во МВР
ПЕХЧЕВО – Невенка Тренчевска, инженер за животна средина;
БЕРОВО– Мирче Кировски, доктор по ветеринарна медицина;
РАНКОВЦЕ – Иван Нешевски, дипломиран едукатор по семејни студии;
Старо НАГОРИЧАНЕ – Андреј Димитријевски, ветеринарен техничар, сопственик на сточарска фарма.
Со оваа група на кандидати, Левица покажува дека вистинската сила доаѓа од народот – од луѓето кои ја познаваат својата средина, кои се дел од секојдневниот живот на граѓаните и се подготвени да работат чесно и одговорно.
Левица останува доследна на својата борба против корупцијата, непотизмот и расипничкото трошење на јавните пари. Нашите кандидати се луѓе кои ќе ја вратат локалната самоуправа во рацете на граѓаните.
За Левица, општините се темелот на вистинската промена.



