Прес-конференција на Левица:
Денес учествуваме во вториот круг од изборите, во кој, за прв пат, гласачите од Град Скопје имаат можност да заокружат кандидат кој не припаѓа на партиите на олигархијата – ДПМНЕ и СДС!
Сведоци сме на изборен процес кој секако ќе остане запаметен – процес кој ќе ја редефинира иднината на политиката во Македонија!
Набљудувачите на Левица забележаа изолирани нерегуларности, главно поврзани со починати лица кои сè уште се на избирачките списоци и со нефункционални електронски уреди за идентификација на голем број избирачки места.
Повикуваме сите да излезете и да гласате – да учествувате во одлучувањето за иднината на Град Скопје, да бидете дел од испишувањето на историјата!



