ЛЕВИЦА СО ДИЈАГНОЗА ЗА ТИМЧО: ПР ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НЕ СРАБОТИ НИШТО! ОСВЕН ЧАЛАМ И ПРОДАВАЊЕ МАГЛА

Измина една година од мандатот на Градоначалникот Тимчо Муцунски, каде освен гол ПР и шминка, аеродромци ништо не видоа од ветувањата од неговата изборна програма, реагираат од Левица. Тие на Фејсбук објавија видео со нереализирани ветувања на градоначалникот Муцунски.

ЛЕВИЦА СО ДИЈАГНОЗА ЗА ТИМЧО

…реалноста покажува дека ако вака планира да го истера 4 годишниот мандат ќе останеме на неколку детски игралишта (повеќето донации) и некоја закрпена дупка на уличките…
ЛЕВИЗА ЗА ТИМЧО: ПР ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НЕ СРАБОТИ НИШТО! ОСВЕН ЧАЛАМ И ПРОДАВАЊЕ МАГЛА

Видоа слики и видеа и разни маркетинг алатки, како и епската слика каде влече гранка од паднато дрво. Но реалноста покажува дека ако вака планира да го истера 4 годишниот мандат ќе останеме на неколку детски игралишта (повеќето донации) и некоја закрпена дупка на уличките.

Капиталните инвестиции нигде ги нема, изградба на градинки, инфраструктура, водовод и канализација се на нула, хигиена и екологија се исто така на нула. Па покрај шеретското откажување од репрезентација и други непотребни трошоци, тешко да помислиме дека за трите преостанати години ќе видиме реално ефектуирање на потенцијалот на Општина Аеродром.

Сѐ уште нема ништо ниту од ветувањето за културен дом и читална или како го најавуваа заедно со градоначалничката Данела Арсовска – младински ексцелератор и тоа за 90 секунди.

Додека се одбиваат конструктивни иницијативи од Левица и опозицијата, тоа што е прифатено се гледа како да се окити со “туѓи перја”. Како на пример јавната кујна за ранливите категории, за која нема никакво известување до советот за начинот на реализација.

Тешко е да бидеме оптимисти дека во преостанатите години од мандатот нешто драматично ќе се промени. Вака за една година од владеењето може само да констатираме дека освен гол ПИАР и ЧАЛАМ реално не видовме ништо конкретно да се реализира и да се истакне како добра политика , напишаа од Левица на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.