Левица: 300 болни од хемофилија веќе пола година се оставени без лекови поради нераспишан тендер

Триста лица – болни од хемофилија веќе пола година се оставени без лекови поради нераспишан тендер, реагираат од опозициската Левица.

– Повеќе од 6 месеца сите овие 300 лица лежат во кревет, чекајќи државата да распише тендер и да го набави лекот ,,Фактор 8″!

,,Образложението” од надлежните, како што кажуваат пациентите било: ,,да поминат изборите, да поминат празниците…!” Како се осмелуваат да повикуваат на такво трпение за чекање кога здравјето на 300 лица е доведено во прашање; мускулите на болните, за жал, им се пред атрофирање, а грижата на државата кон лицата со хемофилија е сведена под најниското ниво!

Апелираме до Министерството за здравство, Азир АЛИУ и до МИЦКОСКИ, без понатамошни одлагања ИТНО да се обезбеди целосна и континуирана набавка на лекот, како и системско решение со кое ќе се гарантира дека ваков прекин во терапијата никогаш повеќе нема да се повтори.

Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на бирократска неефикасност. Обврска на државата е да обезбеди навремен и непречен пристап до животно неопходни лекови, особено за пациентите со ретки и тешки хронични заболувања. – велат од Левица.

Пронајдете не на следниве мрежи: