Легендата вели дека Мицкоски уште анализира: Годишна инфлација од 4,8%, цените на мало за еден месец скокнале за 3,1%, втора највисока месечна инфлација во 2025-та година

Државната статистика ја објави информацијата за измерена инфлација во месец јули 2025-та година под наслов „Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, изнесува 1.1 %.“

Со 1,1% месечна инфлација, јули е на второ место (по мај 2025.) по висина на инфлација во тековната година. Годишната инфлација пак е на ниво од 4,8%. Најмногу раст на годишната инфлација предизвикал растот на цените на прехранбените производи и безалкохолни пијалоци (6,8%) и трошоците за рекреација и култура (годишен раст од 6,6%)

Повисоката инфлација во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 9.9 %, Рекреација и култура за 2.1 %, Ресторани и хотели за 1.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 %, Здравје, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3 % и Облека и обувки, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Разновидни стоки и услуги и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во јули 2025 година, во однос на јуни 2025 година, изнесува 103.1 што значи дека цените на мало скокнале за 3,1% за еден месец.

Индексот на трошоците на животот во јули 2025 година, во однос на јули 2024 година, бележи зголемување од 4.8 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3 %.

Пронајдете не на следниве мрежи: