Лекарите го откриле најраниот симптом на дијабетес – ова е јасен знак дека шеќерот ви го разорува организмот

Симптомите на дијабетес тип 2 вклучуваат умор, нагло губење на тежината и чувство на жед. Меѓутоа, лекарите дошле до заклучок дека пред сите нив се развива еден симптом кој е најран аларм за тревога.

Дијабетес тип 2 е хронична состојба во која панкреасот не може да произведува доволна количина на инсулин. Иако овој процес може да се чини безопасен, со текот на времето се нарушуваат сите функции на телото. Високото ниво на шеќер во крвта може сериозно да го оштети срцето, очите, но и бубрезите.

Клучниот чекор во овој случај е рано и навремено откривање на проблемот. Како што тврдат лекарите, најраниот симптом на оваа болест е замаглениот вид кој од ден за ден станува сè посериозен.

Дијабетесот може да предизвика замаглен вид, но и солзење на очите. Оваа состојба е позната и како дијабетична ретинопатија и се јавува како резултат на проблеми со крвните садови околу мрежницата.

Кај повеќето пациенти овој проблем се развива постепено. Раното откривање и докторскиот преглед може да го спаси пациентот од сериозни проблеми како што е целосно губење на видот.

Експертите нагласуваат дека замаглениот вид не секогаш укажува на дијабетес. Тој исто така може да биде предизвикан и од бројни други состојби како суви очи, слаб вид или очна инфекција. Во секој случај, лекарите препорачуваат редовна контрола и следење на сите сигнали кои организмот нѝ ги испраќа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.