„Лекари без граници“ го повикуваат Израел да престане да ја користи хуманитарната помош како алатка за војна

Организацијата „Лекари без граници“ денес го повика Израел да престане да ја користи хуманитарната помош како средство за војување во Газа, јавува Анадолу.„Израелските власти ги инструментализираа хуманитарните потреби користејќи ги како средство за пазарење, како што е прекинот на снабдувањето со електрична енергија во Појасот на Газа на 9 март и спречувањето на влезот на хуманитарна помош. Оваа политика, која претставува колективно казнување, мора веднаш да престане“, се вели во соопштението на „Лекари без граници“.Организацијата ја осуди израелската „опсада“ на Газа, со која жителите се лишуваат од основни услуги и средства за живот, како што се вода и електрична енергија.„Лекари без граници“ ја повика израелската Влада да го почитува меѓународното хуманитарно право и да ја прекине „нехуманата блокада“ на територијата.„Сојузниците на Израел намерно го игнорираа ова тешко кршење на меѓународното хуманитарно право и го нормализираа ваквото однесување. ‘Лекари без граници’, исто така, ги повикува сојузниците на Израел, вклучително и САД, да престанат со нормализацијата на овие дејства и да преземат конкретни чекори за да спречат Газа да тоне во уште поголема катастрофа“, се додава во соопштението.Миријам Ларуси, координаторка за вонредни ситуации во „Лекари без граници“, ја опиша ситуацијата како „скандалозна“, нагласувајќи дека блокадата на основните средства има „смртоносни последици“ за илјадници луѓе.„Во момент кога примирјето треба да значи засилување на хуманитарниот одговор, израелските власти го запреа влезот на целата помош“, предупреди „Лекари без граници“, истакнувајќи дека последните резерви што успеале да ги внесат во Газа на 27 февруари биле три камиони со медицинска опрема.Ларуси додаде дека Газа е целосно без гориво.„Рацете ни се врзани, а без снабдувачки канали сè потешко е да им се помогне на жителите на Газа откако ќе ги потрошиме последните резерви. Примирје без зголемување на хуманитарната помош е контрадикторно“, нагласи таа.

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.