Лекарско одобрение за убавина!

Дали ги следите модните викенди, ревии и настани поврзани со модата?
Ги читате ли модните списанија, кои се преполни со слики од модели?
Тогаш мора да сте ја забележиле катастрофалната појава во модниот свет, позната како АНОРЕКСИЈА, која што во изминативе години модните медиуми константно ни ја подвалуваат како убавина.
Но, не само што не изгледаат убаво, туку овие модели имаат сериозно нарушено здравје.
За анорексијата и штетните последици од неа се зборува долго време, но ништо конкретно не е превземено и се уште се провлекува и постои во модниот свет.


Оваа информација, која ја пренесува CNN, е исклучително важна и позитивна.
ВО ФРАНЦИЈА Е НЕЛЕГАЛНО ДА СЕ ЗАНИМАВАТЕ СО МАНЕКЕСТВО ДОКОЛКУ СТЕ ПРЕМНОГУ СЛАБИ.
На моделите сега им е потребно лекарско одобрение за да застанат на модните писти.
Имено, потребно е да се знае дека моделите се доволно здрави и имаат соодветен BMI (body mass index) според нивната висина.
Се надеваме дека оваа мерка ќе помогне во борбата против ваквите пореметувања во исхраната, како и нереалните стандарди за убавина.
За прекршување на овој закон се предвидуваат санкции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.