Лекот „Фавипиравир“ се покажал ефикасен против коронавирусот!?

Кина, која се бори со коронавирусoот во последните три месеци, ги заврши клиничките истражувања на „Фавипиравир“ – антивирусен лек кој покажаl добра клиничка ефикасност против СОВИД-19, изјави висок кинески функционер во вторникот.
Фавипивавир, лекот за грип, кој беше одобрен за клиничка употреба во Јапонија во 2014 година, не покажаl негативни реакции во клиничкото испитување, изјави за медиумите Жанг Ксинмин, директор на кинескиот Национален центар за развој на биотехнологијата.
Фавипиравир е антивирален лек од широк спектар кој прво го развила јапонската компанија “Тојама Хемикал” против РНА вирусите, како грип, жолта грозница, ебола, норовирус и ентеровирус.
Како што пренесуваат медиуми, Кина сака фавипиравир да го внесе во својата официјална листа на лекови против covid-19, бидејќи ги минал клиничките истражувања со одлични резултати и без значајни нуспојави.
Како што се наведува, истражувањата покажале дека пациентите лечени со фавипиравир побрзо закрепнуваат, посебно нивните бели дробови.
Третата државна болница во Шенжен спровела истражување на над 80 пациенти, а 35 го примиле овој лек. Резултатите покажале дека тие што ги примиле лекот за 4 дена биле негативни на коронавирусот, додека на останатите им биле потребни 11 дена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.