Лек за еден од најголемите женски проблеми: Како да ги проширите чевлите кои ви се тесни?

Табелата со величини можеби била погрешна или стапалата ви се отечени; како и да е набиени палци и пликови по стапалата се загарантирани.
Верувале или не, може да си го скратите очајувањето со едноставни трикови кои може да се изведат дома и да ги растегнете тесните чевли до половина број повеќе.
Растегнувањето обично се случува во ширина, а не во должина, бидејќи најдолниот дел од чевлите што е во директен контакт со земјата не може да се растегне многу. Затоа, колку и да ви се допаѓа одреден пар брендирани потпетици, не фрлајте си ги парите на број 38, ако всушност носите 39.
Употребете фен
Доколку се работи за кожени чевли, облечете два пара чорапи – колку подебели, толку подобро. Облечете ги чевлите и дувајте со фенот во нив на средна температура околу 30 секунди. Избегнувајте да дувате на едно место бидејќи може да ја оштетите кожата.


Повторете го процесот додека не почувствувате дека стапалото влегува полесно.
Ставете ги чевлите во замрзнувач
Наполнете една третина вода во мала ќеса за замрзнување. Заврзете ја убаво и осигурајте се дека нема дупка за да истече водата во чевелот. Ставете ја ќесата во чевелот во пределот на прстите, а потоа чевелот ставете го во замрзнувач додека водата не смрзне.
Кога мразот ќе се формира, може да го извадите чевелот дваесетина минути да се отпушти и потоа да ја повторите постапката сè додека не го растегнете доволно.
Купете растегнувач за чевли
Ова е едноставен алат и најмалку ризичен метод за растегнување на чевлите, односно нема да мора да се грижите дека ќе го уништите сјајот на новите чевли, ниту дека ќе ги оштетите со вода. Консултирајте се со чевлар за тоа каде може да се набави ваква алатка, инаку е достапна на amazon.com.
За да ги избегнете ваквите непријатни ситуации, најдобро е да се осигурате дека има барем 1 сантиметар простор од врвот на вашиот највисок прст на ногата до врвот на чевелот. Исто така, се препорачува да купувате чевли на крајот од денот, кога стапалата ви се малку отечени.
Поодете со чевлите низ продавницата и проверете дали ве притискаат или предизвикуваат болка. Новите чевли треба да се разодат во домашни услови, на тепих, носејќи ги неколку часа за да се уверите дека сте направиле добар избор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.