Леонардо ди Каприо е повторно слободен

Врската на Лео и Ерин Хетертон траеше десет месеци. Големиот заводник со момчешки изглед и став кон врските, е повторно сингл.
Моделот на Викториа Сикрет Ерин, и познатиот актер ја раскинаа својата романса пред неколку недели, но дури сега изворот, кој сакаше да остане анонимен, ја информира јавноста за ова. “Немаше лоша разделба – тие сеуште се грижат еден за друг. Едноставно беше време да продолжат понатаму. ”
Ерин и Лео се сретнаа и почнаа да се состануваат во Австралија, додека актерот беше таму за снимање на филмот “Големиот Гетсби”. Како што одминуваше времето, се чинеше дека Лео конечно се смири и ја најде вистинската за него, но очигледно работите не се толку идилични како што изгледаше на сликите. Можеби Казанова ди Каприо посака нови предизвици? За само неколку дена ќе надополни 38 години.
На листата на убавици со кои тој бил во врска се наоѓаат Бар Рафаели, Кристен Занг, Жизел Бундхен, Ема Милер и Блејк Лајвли, која кратко време по врската со него, ја најде брачната среќа со Рајан Рејнолдс. Можеби тој само сака улога на вечен ерген?

 Врската на Лео и Ерин Хетертон траеше десет месеци. Големиот заводник со момчешки изглед и став кон врските, е п

Пронајдете не на следниве мрежи: