Лепа Брена во Црна Гора барала попуст на сметката за ручек

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ топлите денови од август ги трошат на црногорскиот брег.
Познатиот пар имал ручек во добро познат ресторан на црногорскиот брег, а ѕвездата побарала попуст од шефот на ресторанот затоа што е ВИП.
„Мислев дека ѕвездите имаат попуст кај вас”, рекла Брена откако завршила со ручекот со своето семејство и пријателите и ја побарала сметката од келнерот.

La kampanela???‍♀️

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Работникот бил збунет од гестот на Лепа Брена и го повикал сопственикот на ресторанот, соопштил извор од лице место, додавајќи дека пејачката добила шише скапо вино од сопственикот, бидејќи биле договорени да компензираат.
Кога ја побараа сметка, која беше нешто повеќе од 500. евра, Брена праша дали ќе добие попуст затоа што го посетила нивниот ресторан. Сопственикот на ресторанот не бил информиран дека ѕвездата била во неговиот ресторан,а бидејќи ја сакал Брена и нејзината музика, веднаш дошол и им излегол во пресрет.Брзо се договориле, па пејачката го промовирала ресторанот на социјалните мрежи.

#pazikomezavidis #srecnazena #akakoćuja ???❤️??‍♀️

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Брена неодамна изјавила дека сака да престојува во Црна Гора иако одморот и го реметат папараците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.