четврток, 26 ноември 2026
Најново

Лепа Брена се потсети на својата мајка со необјавени фотографии, едната особено ќе ви го скрши срцето

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Иако има сè што ќе посака во животот поранешната југословенска ѕвезда Лепа Брена сепак има и нешто што не може да си го купи со пари, а тоа е животот на нејзината мајка.
Пејачката на својот Инстаграм профил сподели со фановите заеднички фотографии со својата мајка, а во описот напиша: „Ми недостасуваш“.
Во позадина пејачката имаше ставено и песна која ја потсетува на нејзината мајка која почина во 2014 година.
Инаку за потсетување Брена беше многу сврзана за својата мајка на која неодоливо личи.
Нејзината мајка во една прилика за пејачката изјави дека еден видовид човек и кажал дека нејзината ќерка Брена ќе биде голема ѕвезда, а таа и беше и голема поддршка кога и го киднапираа и синот Стефан.

Поврзани вести