Лесни трикови за слабеење за сите зафатени кои немаат време за диети и вежбање

Ако немате време за држење класични диети и за секојдневно готвење или одење во теретана, тоа уште не е оправдување дека не можете да ослабете, а следниве трикови се доказ за тоа.
Секојдневните обврски на многумина не им дозволуваат да водат здрав и балансиран живот и исхрана.
Сепак, како што велат сите, ако се сака – сè се може. Постојат начини како да си го олесните процесот со цел да водите поздрав живот.


Летото се ближи, а сите сакаат да се вратат во форма, за да не паѓате во искушенија и да може да се одржувате, време е да почнете да практикувате некои трикови и однапред да си го планирате времето за наредните денови.
Доколку сте оние кои се оправдуваат дека немаат доволно време за да си подготвуваат храна секој ден и да вежбаат, овие совети ќе ви се најдат.
Чувајте исечено овошје и зеленчук во фрижидер
Добра алтернатива за да не купувате нездрави производи за брз оброк, секогаш имајте подготвено исечкано овошје и зеленчук, за кога ќе се вратите од работа набрзина да може да го подготвите и да јадете.


Ако немате време за сечкање, купувајте кеси со готови зеленчуци и овошје
Ако не успеете добро да се организирате и да одвоите време за да исечкате повеќе намирници одеднаш и да ги складирате, тогаш може да си купувате спакувани свежи или замрзнати производи во кеса, кои се веќе исечкани и само треба да ги зготвите.
Ако долго време поминувате надвор од дома, во движење или се оправдувате дека на работното место немате што здраво да јадете, инвестирајте во торба или кутија за пакување ручек, каде уредно ќе си носите различни намирници и подготвени оброци.
Гответе еден ден, спакувајте и чувајте во фрижидер


Наместо секој ден да губите време на готвење или од немање време да јадете брза храна, одвојте малку време од викендот и подгответе поголема количина ручек, која ќе ја одвоите во различни кутии.
Така подготвените оброци чувајте ги во фрижидер или замрзнувач и секој ден само ќе треба да си земете по 1 кутија.
Не потпаѓајте на маркетинг трикови


Некогаш кога сте во брзање, а сте гладни, се случува да купите некој производ за кој мислите дека е хранлив и ќе ви даде енергија, а нема да ве здебели, но не паѓајте на овие трикови.
Секогаш е подобро да одберете овошје отколку некое протеинско или диетално чоколатце.

Јадете јаткасти плодови за ужина


Доколку сте гладни измеѓу оброци или немате време моментално за нормален оброк, наместо нешто брзо и нездраво, јадете јаткасти плодови, најдобро бадеми.
Замрзнувајте кесички со овошје за смути


Доколку ви одзема време секојдневното лупење и сечење овошје за подготвување шејкови и смути, исто како и оброците за на работа, однапред излупете и исечете поголема количина, спакувајте ги во кесички за замрзнување и замрзнете ги. Потоа сè е полесно.
Голема количина на чај во фрижидер
За да ослабете, многу е важно да пиете течности, а ако сакате нешто освежително, наместо сокови, направете си зелен чај, ставете го во повеќе теглички и ставете да се лади. Така полесно ќе пиете течности секој пат кога ќе сакате да се освежите.
Искористете го секое време за активност


Иако немате време за вежбање и посетување теретани и фитнес сали, сепак не треба да заборавите на активност.
Ако можете да одите со велосипед на работа – одете, кога треба да одите до блиска дестинација, одете пешки и наместо да одите со лифт, одете по скали.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.