Летен план на нискокалорична исхрана

Нискокалорична диета подразбира зеленчук што расте над земјата. Дозволен е и коренест зеленчук, но во минимални количества. Сосема се избегнуваат: мешунки, житарки, полужитарки, ориз, пченка, компир, сладок компир.
Ако ни за време на летниве денови не можете без месо или сте на нискокалорична диета, ви предлагаме три брзи и лесни оброци.
плус:
* варен зеленчук
*салата од зелка
Состојки:
пилешки гради или батаци без коски
брокули


2 лажици шеќер од бреза
2 лажици кечап или сос од домати (домашен!)
1 лажица оцет, 1 лажица соја-сос без глутен
1 лажица лук
сусам, семки од лен или од сончоглед
Приготвување:
Помешајте ги сусамот, шеќерот од бреза, кечапот, оцетот, соја-сосот и лукчето. Подмачкајте ја тавата со путер, па додајте го месото, претходно посолено и исечкано на парчиња. Пржете го околу 10 минути додека прими кафена боја. Додајте ги сечканите брокули и прелејте со претходно приготвениот сос. Варете со мешање уште 5 минути додека омекнат брокулите. Наросете со сусам и со семки од лен или од сончоглед.
„Ориз“ од карфиол: измијте го карфиолот и отстранете му ги ливчињата, како и долниот, тврд дел. Сварете го во посолена вода, а кога е готов, исечкајте го да личи на ориз.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.