Летната сцена „Славиша Кајевски“ одржа хуманитарен настан

Македонскиот народен театар ја објави програмата за летната сцена „Славиша Кајевски“ за 2025 година, поддржана од Македонски Телеком. Оваа година, фестивалот носи слоган „Млади за млади“ и ќе се фокусира на концертни настапи од локални изведувачи со хуманитарен карактер. На 12 јуни, сцената ќе биде отворена со настапи на скопскиот бенд Funkshui и артистката Speysd, а фестивалот ќе трае до 21 јуни. Овој проект има за цел младите да станат двигатели на солидарноста: приходите од билетите ќе се наменат за поддршка на Кочани, а средствата ќе се искористат за понатамошно лекување и рехабилитација на повредените во трагичниот настан во Кочани.
„Оваа година доаѓаме со нова свежина и различен концепт, во соработка со ‘Стереолаб’, и со поддршката на Телеком го зголемуваме значењето на настанот. Средствата собрани преку оваа програма ќе бидат наменети за хуманитарни цели во Кочани, што ја нагласува улогата на културата како мотор на солидарност. Изразуваме огромна благодарност до Support Кочани и Филип Цветков, кој го дизајнираше проектот за оваа хуманитарна иницијатива. Билетите ќе чинат симболични 300 денари, што ќе го направи настанот пристапен за што е можно повеќе луѓе“, изјави Никола Кимовски, директор на МНТ.
Елена Белевска, Лидер на корпоративни комуникации во Македонски Телеком, истакна: „Како бренд, веруваме дека вистинската поврзаност подразбира грижа еден за друг. Со поддршка на летната сцена, не само што инвестираме во културата и создавање искуства за младите, туку им овозможуваме и непосредно да помогнат на своите врсници од Кочани. Со гордост сме спонзори на овие хуманитарни настани, каде младите ја слават креативноста и придонесуваат за општото добро.“
Дарко Јорданов, уредник на Стереолаб, изјави: „Летната сцена оваа година е одлична можност да се даде простор на младите музичари да се претстават пред јавноста и да го добијат вниманието кое го заслужуваат. Цената на билетите за слушање два бенда во истата вечер е достапна за секого и ќе ги поттикне луѓето да се придружат и да го поддржат новиот звук на младата генерација.“
Летната сцена „Славиша Кајевски“ првпат ја отвори својата врата минатата година, во чест на прерано починатиот актер кој остави длабок белег во македонската култура. Сцената ги обединува музичарите и другите уметници со публиката на летната тераса покрај Вардар. Оваа година, програмата која трае шест дена, е дел од одбележувањето на „80 години Македонски народен театар“.
The post Летната сцена „Славиша Кајевски“ одржа хуманитарен настан appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: