четврток, 12 ноември 2026
Најново

ЛЕТНА МУСАКА СО ПИПЕРКИ Совршен летен ручек, половина од тавата ќе се изеде за миг

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Ви треба:

8 црвени пиперки500 г мелено месo1 глава кромид2 чешниња лук2 јајца200 мл павлака за готвење100 г сирењесолбиберцрвена пиперкамасло за пржење

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Подготовка:

Печете ги пиперките во рерна додека не омекнат, потоа излупете ги и отстранете ги семките. Исечете ги пиперките на ленти. Ситно исечкајте го кромидот и лукот и пржете ги во масло додека не омекнат. Додадете го меленото месо, солта, биберот и црвената пиперка, па пржете додека месото не се зготви. Во сад за рерна, наредете слој пиперки, слој месо и повторувајте додека не се потрошат сите состојки. Во сад, изматете ги јајцата со павлаката за готвење и прелијте ја мусаката. Изрендајте го сирењето одозгора. Печете ја мусаката во рерна загреана на 200 степени околу 40-45 минути додека не добие златно-кафеава боја.