Летните деца се чувствителни, горди и лесно заљубливи

Луѓето кои се родени во лето се исклучително специфични луѓе. Тие често имаат промени на расположение кои не мора да бидат предизвикани од некоја конкретна причина. Покрај тоа, тие поседуваат неколку контрадикторни карактеристики.
Тие се многу чувствителни, но понекогаш и многу импулсивни. Тие почесто избувнуваат и се нервираат, а и се лесно заљубливи. Горди и одважни, тие речиси никогаш не се откажуваат од своите цели, а и прилично се сексуално активни.


Луѓето родени во лето се добродушни, несебични, талентирани и лојални пријатели. Многу од нив се и религиозни. Во спортот можат да постигнат големи успеси, но не се снаоѓаат најдобро на лидерски позиции.
Како поединци постигнуваат големи успеси на работа благодарејќи на тоа што се вредни, иако највеќе им лежат општествените науки и уметноста. Често менуваат работни места и лесно влегуваат во конфликти.
Едно ново истражување спроведено на Кембриџ покажало дека бебињата родени во лето се потешки, но и дека кога ќе пораснат најчесто се високи и генерално поздрави. Се претпоставува дека ова е поради тоа што во последните месеци од бременоста, жените се поизложени на сонце и витамин Д. За девојчињата родени во овој период карактеристично е тоа што доцна влегуваат во пубертет.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.