Какви се хроскопските знаци на плажа: Ракот сака романтика, Бикот јаде, Вагата е уклучена на Инстаграм…

Како се однесуваат различните хороскопски знаци на плажа? Кој ужива најмногу? Кој се пече на сонце, кој не излегува од вода?
Овен
Овните се познати по тоа што секогаш ќе си најдат занимација за да не им биде здодевно. Одењето на плажа не е исклучок. За нив е незамисливо само да лежат цел ден и да се печат на сонце, па се занимаваат со спортски активности. Одбојка на плажа, скијање на вода, пливање, нуркање… Овните уживаат кога се на одмор покрај вода.
Бик
Одморот, па и оној на плажа, за Биковите значи опуштање и уживање со семејството и/или пријателите и многу храна. Ако некој е дојден со пикник кошница, мини фрижидерче и постојано оди до околните шанкови, тоа се Биковите на плажа. Додека има храна, нема да им слушнете глас.

A family enjoys the lagoon at the Hilton Hawaiian Village Waikiki Beach Resort in Oahu, Hawaii.

Близнаци
За Близнаците поинтересни се ноќните активности на плажа, отколку дневните. Сакаат ноќно капење, палење оган на плажа, романтични прошетки покрај море/езеро, долги разговори со пријателите на плажа до утринските часови.
Рак
Раковите исто така сакаат романтика на плажа. Гледање на зајдисонцето за нив е една од омилените активности и нема да ја пропуштат таа глетка ниту еден ден од одморот. Ако се заедно со саканата личност, за нив одморот на море е врвно уживање.
Лав
Лавовите, познати по тоа дека уживаат во моментите до максимум, ќе се потрудат да го искористат секој миг поминат на плажа. Сакаат подеднакво да се печат на сонце и да изведуваат водени лудории, па во друштво на Овните ќе имаат незаборавен одмор на море.
Девица
Иако обично сакаат друштво, Девиците на плажа се самотници. Убаво намачкани со дебел слој заштитна крема, ќе легнат под чадор и ќе се задлабочат во добра книга.
Вага
За Вагите многу е важно како изгледаат во јавност, а плажата не е исклучок. Ќе дојдат дотерани по најнова мода, со сите можни помагала и додатоци и ќе се фоткаат за на Instagram од утро до вечер.
Скорпија
Скорпиите не доаѓаат на плажа за да фатат боја. За нив е незамисливо да се лежи цел ден на плажа и така да се помине годишниот одмор. Ако веќе мора да одат на море, денот ќе го поминат во барање диви плажи или во нуркање.
Стрелец
Каде може да запознаете многу опуштени, расположени луѓе за дружење? На плажа! Стрелците тоа добро го знаат и доаѓаат на одмор подготвени за „лов“. Немаат проблем да ви пријдат први, за дружење или за нешто повеќе.
Јарец
Јарците се познати како креативни луѓе кои го задржале будно детето во себе. За нив не е проблем да одат на одмор со целото семејство и да ги занимаваат цел ден децата на плажа – ќе пливаат со нив, ќе градат песочни замоци, ќе играат со топка… и уживаат во тоа!
Водолија
Водолиите живеат за море. Откако ќе дојдат до плажата, не им паѓа на памет да излезат од вода. Сите активности во вода што можете да ги замислите, Водолиите ќе ги направат по 100 пати во денот. Уживаат во водени спортови, па ако имаат Овен и/или Лав во друштвото, летниот одмор гарантирано ќе биде незаборавен.
Риби
Исто како и Водолиите, Рибите уживаат на плажа, но не се толку расположени за активности. Припадниците на овој знак се оние во друштвото кои се најорганизирани за на плажа – ќе направат распоред кога да тргнете, колку време да бидете на сонце, ќе ги мачкаат сите со крема за сончање и ќе ги потсетуваат да пијат течности. Последните денови од одморот ќе ги поминат во медитација и молк на зајдисонце.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.