Летно смути: Направете освежувачки пијалок во кој лубеницата е главна состојка

За време на жешките летни денови, ладните и освежителни пијалоци се најпријатни, а смутито од лубеница е сигурно едно од нив.
Лесно се прави овој нискокалоричен пијалок. Ќе ве засити, освежи и разлади.
Покрај тоа, поради диуретичното дејство на лубеницата, ова смути ќе ви помогне да се ослободите од токсините од телото.
Состојки:
500 грама лубеница на коцки исчистена од семки
100 грама јагоди
половина краставица со средна големина
1 лимон
мраз
неколку лисја домашно нане
Подготовка:
Ставете лубеница, јагоди и краставица во блендер и мешајте додека не добиете мазна смеса.
Потоа исцедете го лимонот, и додадете го сокот во смесата.
Скршете го мразот во блендер, а потоа префрлете го во чашите. Истурете го смутито над мразот, а горниот дел посипете го со лисја нане.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.