Летото ни се враќа на крајот на неделава

Променливото време со повремен дожд и постепен раст на температурите ќе трае до крајот на неделава. Така вели повеќедневната прогноза на УХМР.
Во текот на утрешниот ден времето ќе биде облачно и значително посвежо особено на југозападот на земјава. Ќе има и пообилни врнежи од дожд проследени со повремени грмежи.
За среда и четврток се прогнозира стабилно и суво време со брз пораст на температурите. Кон крајот на неделата времето повторно ќе биде нестабилно, а во попладневните часови ќе има појава на локални врнежи и грмежи. Минималните утрински температури ќе паднат до девет степени, а масималните дневни ќе достигнат до 35 степени Целзиусови.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.