Професорката Тамара Јованов остро реагираше на обвинувањата упатени кон неа од страна на Миле Лефков. Таа преку објава на социјалните мрежи посочи дека Лефков не прави разлика помеѓу предавач (lecturer) и лектор (proofreader) по англиски јазик, алудирајќи дека од страна на ДПМНЕ намерно се шири дезинформација за нејзината работа.
„Пијанициве од дпмне не разликуваат предавач од лектор на англиски, а замисли да им кажеш дека си предавал на работилница пријавен доброволно беспари!?
Не може тоа тој спржен мозок ни да го замисли, а камоли да го разбере дури ни да го види (а слики има – види коментар).
Ако, ако, ред беше да ви прпа и вам – Левица одлично ве работи, а тек је почело.“, пишува во објавата на професорката Тамара Јованов
Инаку пратеникот на ДПМНЕ, Миле Лефков е професор и поранешен директор на кочанската гимназија – ова е пример за тоа какви полуписмени партиски кадри ни ја образуваат младината.



