Лејди Гага ја одложи венчавката- еве ја причината

Лејди Гага ја одложи венчавката поради филмот.
Гага, добитничка на „Златен глобус“ за улогата во „Американска хорор приказна”, веќе неколку месеци го промовира филмот „Ѕвездата е родена“. Пејачката воопшто не очекувала дека оваа римејк класика ќе привлече толку внимание и дека ќе биде толку популарна.


-Гага веќе неколку месеци не успева да се занимава со венчавката, за која планира да биде огромна и гламурозна. Таа потекнува од големо традиционално семејство, и сите знаат дека ѝ се допаѓа работите да ги прави на висока нога, и поради оваа причина сè уште не може да се посвети на планирање на церемонијата, изјави пријател на пејачката.
Гага беше во долга врска со актерот Тејлор Кини, со кого раскина во почетокот на 2017 година.
Набргу потоа, таа влезе во романса со менаџерот Кристијан Карин, кој е 17 години постар од неа.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.