Лила накратко го „напушти“ карантинот, па виртуелно замина на плажа и коктел

Пандемијата, коронавирусот, ковид19 или короната ни стави рампа на секојдневните активности, навики, рутини, па од постојано излегување дома, сега најголемиот дел од времето го поминуваме дома во из0лација.
Ова особено тешко им паѓа на оние кои често се активни и се на улица, па седењето во четири ѕида и не им се допаѓа.
Меѓутоа, што се мора не е тешко, особено кога станува збор за здравјето на себе и најблиските.
Короната ни става и забранет влез во ресторани, кафулиња, паркови, барови, но и забрана за патувања.


Па доколку сте размислувале оваа пролет да ги спакувате куферите и да заминате на некоја дестинација, заборавете, тоа ќе мора да го одоложите за некое подобро време.
Многу јавни личности особено естрадните уметници ги откажаа сите концерти, настапи ширум регионот и се наоѓаат во своите домови од каде често апелираат да се седи дома.
Водителката на „Се или нешто“, Лила Филиповска деновите во вонредна состојба ги поминува во својот стан во друштво на синот Филип и мачорот Рагнер.
Таа често е активна на социјалните мрежи каде што ги инфомира нејзините следбеници како го поминува времето истакнувајќи дека овој период е одличен да ги направи работите за кои немала време.


Меѓутоа, Лила често знаеше да ги спакува куферите и да замине некаде на релаксација, а овој пат поради вирусот ќе мора и тоа да го одложи и од дома да ги полни батериите.
Сепак, тоа не ја спречи водителката да ја активира фантазијата и да замине на вертуелен одмор.
Имено, таа на својот „Инстаграм“ објави видео на кое седи пред својот телевизор каде оди кадар од плажа и коктел, а потоа во поширок кадар се гледа како Лила седи во својот дом во Скопје.
„Доста беше карантин…повелете на коктел и мирно море“ напиша Филиповска на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.