Лила Филиповска на распит за “Рекет“

Водителката Лила Филиповска, која му правела друштво на нејзиниот долгогодишен пријател Бојан Јовановски – Боки 13, кога на 15 јули сакаше да ја напушти државата со полна торба пари, утрово дојде да сведочи пред шефицата на ОЈО за организиран криминал Вилма Рускоска.
Бојан Јовановски беше уапсен на 15 јули на граничниот премин Богородица при обид да ја напушти државата, со торба евра. Со него биле Филиповска и вработена во телевизијата на Јовановски 1ТВ.
Во истрагата “Рекет“, која почна со апсењето на Јовановски, досега има тројца осомничени и сите се во притвор. Меѓу нив е и специјалната обвинителка Катица Јанева.
Дента кога се апсеше Боки 13, лишен од слобода беше и второосомничениот Зоран Милески – Кичеец.
Предистрагата за “Рекет“, е почната неколку месеци пред апсењата, откако премиерот Зоран Заев и кажал на Рускоска оти осомничениот бизнисмен Орце Камчев му се жалел оти бил рекетиран од Јовановски и Кичеец, со помош на специјалната обвинителка Катица Јанева. Три месеци обвинителството собирало докази од банкарски сметки, биле барани сефови во банки, имало потрага за лоцирање на изгубениот телефон на Јанева, па дури по финансиската истрага почнаа апсењата.
Извор: sdk.mk
Фото: sdk.mk
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.