Лимонада и цинк – напиток кој задолжително мора да го консумирате овој период, а еве и зошто

Доколку имате симптоми на коронавирус или едноставно ве гребе грлото поради алергија или обична настинка, експертите советуваат да внесувате што повеќе течности во организмот.
Течностите спречуваат дехидратација на телото која може да нанесе сериозни последици по здравјето. Затоа се препорачува постојано да потпивнувате по малку течности како вода, чај, лимонада, супа, кафе итн.


Зошто токму лимонада?
Свежата лимонада е полна со витамин Ц, а токму овој витамин успешно се бори против сите видови на вирус, па дури и коронавирус. Препораката е да консумирате лимонада, но никако ладна! Можете да ја засладите со малку мед, а за да го зајакнете вкусот, слободно додајте и малку цимет.
Зошто цинк?
Недостатокот на цинк може да предизвика низа физиолошки промени и проблеми. Некои истражувања покажуваат дека внесувањето на цинк преку исхрана може да ја намали смртноста кај децата кои имаат акутна инфекција на долниот респираторен систем.
Храната богата со цинк помага во одржување на мозочните структури и генералното здравје на нервниот систем. Овој минерал е важен за создавање на резерви на инсулин и ја поттикнува неговата функција. Комплексот од цинк и инсулин се наоѓа во клетките на панкреасот, а кога на организмот му недостасува тој елемент, постои можност за појава на дијабетес. Забележано е дека дијабетичарите имаат двојно помала количина на цинк од нормалната.
За разлика од некои материи, телото не може да го складира цинкот што значи дека е потребен секојдневен внес. Човечкиот организам содржи околу 2-3 грама цинк. Препорачаната дневна доза за жени е 8 милиграми дневно, а кај мажите и трудниците таа бројка изнесува 11. Внесот на цинк во бременоста позитивно влијае на здравјето на мозокот на бебето.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.