Литванските близнаци го тужат Фернадез, ги нарекол комунисти

Навивачите на Жалгирис, близнаците Наурис и Нормундс Мачијус, се ’прославија’ на почетокот на овој месец, кога по натпреварот во Евролигата Жалгирис-Реал Мадрид го нападнаа Руди Фернандез.Евролигата поради инцидентот го казни кошаркарскиот клуб Жалгирис со 25.000 евра, а на браќата им изрече доживотна забрана за сите натпревари во Евролигата и Еврокупот.Близнаците не ја прифаќаат оваа одлука на Евролигата, најавувајќи дека своите права ќе ги бараат и пред Судот за спортска арбитража во Лозана.„Ќе покренеме судска постапка пред судот во Лозана против Фернандез. Тој нè нарече комунисти. Дали знае колку наши сонародници страдаа во комунизмот, колку наши сонародници биле допортирани во Сибир. Зошто тој мисли дека има право да нè понижува и зошто никој не говори на таа тема“, изјавиле браќата Мачијус.
Тие за литванските медиуми најавиле дека и покрај забраната која им ја изрече Евролигата ќе патуваат на натпреварот во Москва помеѓу ЦСКА и Жалгирис.„Ќе ангажираме адвокат, но казната не може да биде доживотна. Планираме да одиме и на натпреварот со Ефес. Следното лето ќе одиме во Словенија на Европското првенство да ја следиме нашата репрезентација. Ние живееме за кошарката, таа е најважна во нашите животи“, порачале близнаците Наурис и Нормундс.Инаку по апсењето, Наурис Мачијус, кој со тупаница во главата го удрил Руди Фернандез имал 2,62 промили на алкохол во крвта, додека неговиот брат Нормундс имал 2,22 промили.
МакфаксНавивачите на Жалгирис, близнаците Наурис и Нормундс Мачијус, се ’прославија’ на почетокот на овој месец,

Пронајдете не на следниве мрежи: