Лишен од слобода крадец од Гостивар – украл неколку грла добиток

Гостиварската полиција вчера уапсила двајца крадци од гостиварско.

Како што информираат од МВР, вчера (10.09.2025) во 15:20 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ш.Н.(38) од с.Дебреше, гостиварско поради основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, односно дека на 03.04.2025 одзел мотоцикл „хонда“ сопственост на Б.И.(63) од Гостивар.

Исто така, вчера во 17:00 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишиле од слобода Н.С.(44) од с.Чегране поради основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, односно дека на 07.09.2025 одзел неколку грла добиток од М.М.(40) од с.Добридол.

Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвена соодветна пријава, информираат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи: