четврток, 12 ноември 2026
Најново

Лишен од слобода турски државјанин, во патничко возило превезувал пет лица мигранти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лишен од слобода турски државјанин, во патничко возило превезувал пет лица мигранти

На 02.03.2026 во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода Ф.С.(46) од Република Турција. При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести