четврток, 26 ноември 2026
Најново

Локализиран пожарот во кавадаречко

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Како што соопшти дежурниот командир во проривпожарната станица во Кабадарци, Марјан Колев голем дел од пожарот во кавадаречкото село Манастисец е локализиран, но се уште не е изгаснат на непристапниот терен.
Неофицијално, од пламените јазици што 9 часа беснеаа на месноста “Свереова падина“ опожарени се околу 80 хектари сува трева и ниско стеблеста шума. Пожарникатите од кавадаречката противпожарна единица интревенираа заедно со вработени од шумско стопанство “Бор“. Спречено е ширење на огнот кон боровата шума на Љубаш, а со тоа е спречена и многу поголема катастрофа.
Материјалната штета и зафатеноста на опожарената површина ќе се проценува утре, рече синоќа Колев. Според него спасена е боровата шума, а изгорела сува трева и нискостеблести растенија

Поврзани вести