четврток, 26 ноември 2026
Најново

Локализиран пожарот на Скопска Црна Гора

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пожарот што вчера попладнето избувна на Скопска Црна Гора, кај местото викано Влаин гроб, во село Матејче, утринава е локализиран, соопшти Министерството за внатрешни работи. Со пожарот беше зафатена нискотеблеста шума и сува трева, а бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП “Македонски шуми“.
-На 18.03.2019 во 14:30 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека на место викано „Влаин гроб“, атар на село Матејче, Скопска Црна Гора настанал пожар во кој горела нискотеблеста шума и сува трева. На 19.03.2019 во 08:00 часот пожарот бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП “Македонски шуми“, информираат од МВР.

Поврзани вести