Лопез и Афлек заедно одат дури и во теретана, а таму ги фатиле како се бакнуваат

Пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се чини дека уживаат целосно во обновената љубов, а папараците верно го следат секој нивни потег. Оваа недела ги фатија заедно во вилата на Лопез во Флорида, а заедно беа и во теретана.
Новинарите забележале и дека Афлек имал сребрен часовник на раката, кој Џенифер му го подарила во 2002 година кога почнале да се гледаат.


Џенифер носела кратка бела маица која јасно ги откривала нејзините завидни стомачни, кои ги комбинирала со виолетови хеланки. Наводно, парот изгледа повеќе заљубен од кога било. Извори откриле за американските медиуми дека парот се бакнувал во теретана и се чини точно дека продолжиле онаму каде што застанале кога ја раскинале свршувачката.


Веста за нивната врска ја изненади јавноста бидејќи немаше навестување дека поранешните свршеници може да се смират откако ја раскинаа свршувачката пред 17 години, откако Џенифер раскина со Алекс Родригез.
Бен и Џенифер започнаа врска уште во 2002 година, наскоро се свршија и требаше да се венчаат во септември 2003 година, но на почетокот на 2004 година раскинаа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.