Луис Енрике скршен од болка, почина неговата 9 годишната ќерка

Поранешниот тренер на Барселона и некогашен селектор на репрезентацијата на Шпанија, Луис Енрике доживеа голема трагедија.
Неговата 9 годишна ќерка починала од рак.
На 26 март оваа година Енрике од непознати причини се повлече од местото селектор на Шпанија, пред натпреварот со Малта. Се утврди дека тоа разделување всушнпст било почеток на големата борба на Енрике за своето дете, кое за жал почина вчера вечерта.


Деветгодишната ќерка Хана, починала по неколкумесечна борба со рак на коските.
-Нашата ќерка Хана почина ова попладне во 9 година по петмесечна интензивна борба со тумор. Благодарни сме им на сите кои изминатиот период се грижеа за дискрецијата и имаа разбирање за нашата борба. Им благодарам на докторите и сестрите, но и на сите свештени лица кои се молеа за неа, стои во соопштението кое Енрике го испратил до шпанските медиуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.