Луис Хамилтон изразува загриженост поради промените во правилата на Формула 1

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон изрази загриженост во врска со насоката во која се насочува Формула 1 со воведувањето на новите технички правила, но додаде и дека се надева дека болидите што ќе се користат во сезоната 2026 ќе донесат пријатно изненадување. Од 2026 година, на сила ќе стапат револуционерни промени во дизајнот и моторите, при што уделот на електричната енергија во погонските системи на автомобилите ќе се зголеми од сегашните 20 на 50 проценти. Хамилтон призна дека имал потешкотии со Ферари, но сè уште се надева дека ќе се адаптира на новите услови.
„Ми недостига тој звук. Кога ќе го чуете моторот V12, кога поминува Ферари, тоа е страст. Префрлањето на V6 моторите е позитивно од гледна точка на одржливост, но звукот не е истиот како оној на Ферарито на Шумахер од 2003 година“, изјави Хамилтон. Поранешниот светски шампион, исто така, ја истакна важноста на различноста во Формула 1. „Каде и да одам, ретко гледам луѓе што личат на мене. Кога почнавме да работиме на филмот, различноста беше една од клучните теми. Сакаме да прикажеме како Формула 1 може и треба да изгледа“, изјави британскиот возач. Овој викенд ќе се одржи Големата награда на Монако.
The post Луис Хамилтон изразува загриженост поради промените во правилата на Формула 1 appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: