Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски сеуште е на боледување. Денеска на отворањето на новиот базен во општина Карпош присуствуваше заменик-градоначалникот Неделчо Крстевски.
Лукровски официјално е на боледување од 7 мај, а премиерот Христијан Мицкоски денеска не сакаше да одговори до кога Лукровски не биде на боледување.
– Тоа се лични моменти и не би сакал да ги коментирам. Ги осудувам и сите оние политички глодари кои на туѓата мака се обидуваат да добијат политички поени, изјави Мицкоски.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски неодамна прашан за боледувањето на Лукровски рече дека тоа може да го провери само работодавачот, односно самиот Лукровски.
Лукровски е на боледување околу месец дена. Од матичен лекар боледување може да се даден две недели, а потоа тоа треба да биде продолжено од надлежна лекарска комисија. Од советничката група на СДСМ бараат предвремени локални избори во општината.
– Карпош не смее да биде заложник на лични пресметки и институционален вакуум. Ако општината не може нормално да функционира, тогаш единственото демократско решение се предвремени локални избори, на кои граѓаните повторно ќе одлучат кому ќе му ја доверат одговорноста да го води Карпош, изјави претседателот на Општинската организација на СДСМ во Карпош, Панче Милевски.
The post Лукровски се уште на боледување, Мицкоски не коментира, опозицијата бара предвремени избори appeared first on Provereno.
Пронајдете не на следниве мрежи:



