Луксузниот дом на Синди Крафорд е продаден за 45 милиони долари

Супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот сопруг Ренди Гербер ја продале својата раскошна вила во Малибу за 45 милиони долари.
Овој имот е сместен во најлуксузниот дел од градот, на самата плажа, а парот за неа првенствено барал 50 милиони долари.


Приватниот имот се простира на 3 хектари земја, а самата вила која зафаќа околу 500 квадратни метри е изградена во 1944 година. Содржи четири спални соби, шест купатила, кујна со поглед и огромна главна спална соба со свое купатило и вграден гардеробер.


Дворот пружа целосен мир, а во него можете да се разладите во пространиот базен, да играте тенис на теренот, но и да стигнете до плажата по приватен пат. Секако, тука е и гаражата која има капацитет да смести три автомобили.

Парот наводно пред три години го купил овој имот за 50,5 милиони долари и потрошил уште неколку милиони за реновирање, така што светските медиуми пишуваат дека тие се во загуба поради продажбата на вилата за 45 милиони долари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.