Луксузниот стан го замениле со комбе кое го претвориле во дом – сега живеат на четири тркала

Пар од Лондон го напуштил луксузниот стан и се вселил во мало комбе кое го претвориле во дом.
Хана Мур и Ден Спирс плаќале 1.420 евра месечно за кирија за станот и плаќале уште 300 евра во сметки. Меѓутоа, сега нивните месечни трошоци за живот се само 420 евра.
Откако се вселиле во комбе, месечно заштедуваат околу 1.300 евра. Тие го купиле комбето за 7.000 евра на почетокот на 2021-ва година, а потоа потрошиле уште 1.300 евра за негово преуредување. Тие не се каат затоа што го претвориле во удобен, мал дом.


Претворањето на комбето во удобен дом траело осум месеци, а поголемиот дел од работата сами ја завршиле.


И двајцата работат во ТВ и во филмската индустрија, но ја сакаат слободата и флексибилниот начин на живот.


„Тоа беше сон на Дан од кога бевме на факултет во 2015-та година. Заедно сме речиси шест години, а тој ми го спомна тоа само еднаш минатата година“, рекла Хана.
Таа признала дека на почетокот се двоумела дали да живее во комбето бидејќи ѝ било нешто сосема непознато.


„Кога ми покажа снимки и фотографии од луѓе кои живеат на пат, како и идејата да си направиме сопствен дом, се предомислив“, рекла таа.
Речиси целата работа ја завршиле сами, а снимките и фотографиите од реновирањето ги објавиле на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.