Луксузно патување во Лондон: Роналдо потрошил неверојатни…

Репрезентативната пауза му овозможи на Кристијано Роналдо да замине на мини одмор со својата девојка Горгина Родригез и најголемиот син Кристијано јуниор. Тие отпатуваа во Лондон, каде присуствуваа на завршниот АТП турнир, кој се игра во „О2 Арена“.
Нивната појава веднаш го привлече вниманието на англиските папараци, кои открија интересна приказна за гостувањето на Португалецот во еден луксузен ресторан.


На вечерата пред тенискиот спектакл помеѓу Новак Ѓоковиќ и Џон Иснер, фудбалерот на Јувентус потрошил 30.000 евра за две вина, а се задржал во локалот само 15 минути. 20.000 евра потрошил на „Ричебург Гранд Кру“, а дополнителни десет на „Померол Петрус 1892“.
Сведок на настанот изјавил дека Роналдо и Георгина испиле само чаша и половина од двете шишиња и потоа заминале да го гледаат тенискиот меч.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.