четврток, 26 ноември 2026
Најново

Луксуз вреден милион евра, Саша Ковачевиќ отвори ресторан во Белград

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поп ѕвездата Саша Ковачевиќ отвори ресторан во Нов Белград, а во него вложи повеќе од милион евра.
Меѓутоа, бидејќи најголем проблем бил персоналот, односно добри готвачи и келнери тој одлучил да го „одврзе ќесето“.
„На Саша најважно му беше да најде добри готвачи, па гостите освен во одлична атмосфера да можат да уживаат и во храна со висок квалитет“ открива изворот и додава:


„Ковачевиќ вработи пет готвачи, а како што слушнав нивната плата е 1000 евра. Што се однесува до келнерите и останатиот персонал платата е до 500 евра. Во ресторанот ќе има 30 вработени не сметајќи ги надворешните соработници. Најде и искусни менџери кои ќе му ја водат работата“ вели изворот.
На отварањето присуствуваа неговата мајка и неговиот брат Раде,како и девојката Зорана.

Поврзани вести