Во Кина денеска во пресрет на Новата година започна гужвата според лунарниот календар, а во 40-те дена околу празникот се очекува рекорден број патувања од околу 9 милијарди.
Милиони луѓе кои се враќаат дома пред кинеската Нова година, која оваа година се слави на 10 февруари , во една од најголемите миграции во светот секоја година, ќе патуваат со сите достапни транспортни средства до нивните дестинации.
- Променливо облачно со сончеви периоди: ќе дува засилен ветер од северозападен правецВремето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен… Read more: Променливо облачно со сончеви периоди: ќе дува засилен ветер од северозападен правец
- Се огласи сопругата на Александар Вучиќ: Нешто никогаш не ви кажав…Сопругата на Александар Вучиќ, Тамара Вучиќ, се огласи со емотивна порака на… Read more: Се огласи сопругата на Александар Вучиќ: Нешто никогаш не ви кажав…
- Без струја денеска делови од пет скопски општиниОд ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:… Read more: Без струја денеска делови од пет скопски општини
- Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“: Нема плажа, нема скара, сите излегуваат да гласаатНа денот на парламентарните избори, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео порака… Read more: Нетанјаху предупреди дека „му ја крадат победата“: Нема плажа, нема скара, сите излегуваат да гласаат
- Песков: Путин и Трамп не разговарале за Орбан како кандидат за генерален секретар на ОНПретседателите на Русија и на Соединетите Американски Држави, Владимир Путин и Доналд… Read more: Песков: Путин и Трамп не разговарале за Орбан како кандидат за генерален секретар на ОН
Иако најголемиот дел од патувањата ќе се вршат со автомобил, се очекува и огромна побарувачка за воздушен транспорт . До крајот на празниците со авион треба да патуваат околу 80 милиони патници , што е зголемување за 9,8 отсто во однос на периодот пред пет години.
Покрај домашните дестинации, оваа година многу се бараат и летовите за други земји во Азија. Авиокомпаниите планираат да направат 2.500 дополнителни летови до најпопуларните дестинации како Јапонија и Јужна Кореја, пишува US News. Истото позитивно ќе се одрази и на оперативните резултати на кинеските аеродроми.
Шангајските Пудонг (PVG) и Хонгшао (SHA) очекуваат зголемување на патничкиот сообраќај за 57,6% за време на празничниот период, додека аеродромите во Пекинг се прогнозира раст од 60% .
Кинеската цивилна авијација до неодамна имаше проблеми со многу строги здравствени мерки, што значително го забави нејзиното закрепнување по пандемијата. Со укинувањето на ригорозните ограничувања, побарувачката за летови значително се зголеми.
Пронајдете не на следниве мрежи:



