Лушпата од бананата и тоа како е корисна, а еве зошто…

Лушпата од бананата има антибиотски и антигливични својства поради кои треба добро да ја користиме, а еве неколку најдобри начини.
Ослободете се од акните
Лушпата од банана содржи ензими кои одлично ќе делуваат и ќе ја нахранат кожата, па лицето премачкајте го со внатрешната страна на лушпата.
Избелете ги забите
Сè што ви е потребно е да ги истриете забите од внатрешната страна на бананата, две минути пред да ги измиете. Брзо ќе забележите резултати.


Намалете го чешањето
Особено после убод од комарец. На местото на убодот потпрете ја лушпата од банана и чешањето брзо ќе ви помине.
Ослободете се од инсектите
Идеална е за сите оние кои имаат градина, а не сакаат да употребуваат инсектициди. Ставете парчиња лушпа од банана неколку сантиметри во длабочина околу растенијата и инсектите ќе ги избегнуваат.
Исполирајте ги чевлите
Лушпата од банана е добра за полирање на разни кожни чевли, но и за полирање сребрен накит или приборот за јадење.
Исчистете ги листовите на растенијата
Со лушпата од бананата пребришете ги листовите на вашите домашни растенија. На тој начин ќе ја отстраните прашината од нив, ќе ги нахраните, но и ќе добијат посвеж сјај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.