Луѓето сè уште се во опасност: Продолжи евакуацијата поради вулканска ерупција, аеродромот затворен (ВИДЕО)

На индонезискиот остров Сулавеси денеска продолжи евакуацијата на населението од областа околу еруптираниот вулкан Руанг поради вулканска пепел, камења и опасност од цунами.Меѓународниот аеродром во градот Манадо, кој е на помалку од 100 километри од вулканот, останува затворен поради вулканската пепел во воздухот.Сателитските снимки од Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика покажаа дека пепел се шири на запад, северозапад, североисток и југоисток, покривајќи ги Манадо и северниот дел на Минахаса, се вели во соопштението на индонезиското Министерство за транспорт.Евакуацијата е наредена за околу 11.000 луѓе, а засега околу 1.000 од нив се засолниле во областа.Тим од локални власти ги посетуваат селата во близина на вулканот и користат чамци за да ги евакуираат жителите во побезбедни области.Официјалните лица се загрижени дека дел од вулканот може да се лизне во морето и да предизвика цунами, како што се случи во 1871 година.
#Indonesia: The airport on the island of Sulawesi has been shut down due to the eruption of the #ruangvolcano. Thousands of individuals are currently being evacuated. pic.twitter.com/gHvZkbc8kX— A. Kumar (@anilkumb) April 19, 2024
Центарот за вулканологија и ублажување на геолошки катастрофи издаде највисоко ниво на тревога откако планината Руанг еруптираше најмалку пет пати во средата.Предупредување за евакуација беше издадено и на блискиот остров Тагуландан.Индонезија има 120 активни вулкани.

Пронајдете не на следниве мрежи: