Луѓето што чуваат кучиња се поздрави

Сопствениците на кучиња имаат поздраво срце од другите луѓе поради тоа што често се надвор и се поактивни.
-Луѓето што чуваат куче имаат и подобра исхрана и поретко заболуваат од дијабетис, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено во Универзитетската болница Света Ана.
Во истражувањето биле вклучени 2.000 возрасни лица, при што е оценувано нивното кардиоваскуларно здравје заснована на индексот на телесната маса, нивото на физичка активност, пушачкиот статус, крвниот притисок, шеќерот во крв и холестеролот. Тие се изјасниле и за финансискиот статус, историјата на болести и дали се пушачи.
Нивните резултати се рангирани со оценка од нула до 14 од сопственици на кучиња до тие што немаат милениче.


-Луѓето кои чуваат куче се физички поактивни, подобро се хранат и имаат нормален крвен притисок, како и шеќер и холестерол, изјави доктор Андреа Могери.
Резултатите од истражувањето покажуваат дека 61,8 отсто од сопствениците на кучиња биле во границата на средни и пожелни вредности, а само 47,7 проценти од тие што немале куче. Дури 16,4 отсто од лицата кои не се сопственици на куче имале лоша исхрана, додека процентот кај сопствениците на кучиња е 9,4.
Но, истражувањето покажало дека сопствениците на кучиња почесто се пушачи. (МИА)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.