Поправката на клучен далновод во близина на нуклеарната централа Запорожје започна по постигнувањето нов договор за локален прекин на огнот, со посредство на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објавија денеска од таму.
Како што објави МААЕ на платформата X, работите започнале откако страните се согласија за привремено прекинување на непријателствата, пренесува „Укринформ“.
„Во близина на нуклеарната централа Запорожје во Украина започнаа важни работи за поправка на далноводите, по уште еден локален прекин на огнот договорен со посредство на МААЕ, изјави директорот на МААЕ, Рафаел Гроси.



