Мадуро: „Верувам дека Марадона е убиен“

– Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјави дека има теза во врска со смртта на легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона и дека верува дека тој е убиен.Како гостин во програмата „Maduro Podcast“ на стадионот „Monumental“ во главниот град Каракас, тврдејќи дека сѐ е планирано со цел фашизмот да дојде на власт во Аргентина, Мадуро рече:„Имам теза за неговата смрт. Верувам дека Марадона е убиен. Ден пред неговата смрт разговарав со него по повод неговиот 60-ти роденден и му реков ‘Диего, дојди во Венецуела, ние ќе се грижиме за тебе тука’“.Наведувајќи дека Марадона со него споделил загриженост за животот, Мадуро додаде: „Во претходниот разговор му реков ‘Чувај се Диего. Види, има многу лоши луѓе, фашистите нема да те остават на мира бидејќи ти си гласот кој се бунтува против неправдата. Рече работи што никој немаше храброст да ги каже“.Потсетувајќи на обидот за атентат на поранешната претседателка Кристина Киршнер, Мадуро рече: „Организираа операција за да стават точка на симболите на Аргентина. Прво го докрајчија Диего, сигурен сум во тоа. Потоа сакаа да ѝ стават крај и на Кристина. Сакаа да ја убијат во директен пренос.“Критикувајќи го аргентинскиот претседател Хавиер Милеј, Мадуро рече: „Не можам, а да не кажам една работа, фашизмот и ционизмот дојдоа на власт во Аргентина со Милеј. Тој ми рече ‘Ќе сторам сѐ да осигурам дека Венецуела ќе биде предмет на санкции, опколена и поразена.’“Претседателот Мадуро рече дека верува дека вистината за Марадона ќе се открие еден ден и дека е сигурен дека фашизмот во Аргентина повторно ќе биде поразен.Светски познатиот легендарен фудбалер Марадона почина од последици на срцева слабост и белодробен едем на 25. ноември 2020 година во Тигре, во аргентинската покраина Буенос Аирес.

Пронајдете не на следниве мрежи: