Мажите 1000 пати на ден помислуваат на секс

Сигурно многу пати сте прочитале за тоа како да се задоволи жена, што сакаат жените и слично. Но, што е со мажите?

Јасно е дека никој не е совршен љубовник. Но, затоа постојат одредени работи кои доколку ги прескокнете ќе го направите партнерот посреќен. И жените прават грешки во спалната соба.

НЕ очекувајте да размислува како жена. Најголемата разлика помеѓу мажот и жената лежи токму во сфаќањата за сексот. Додека за вас треба да постои љубов пред да легнете со него, за него сексот е само потреба. Мажите напротив, стануваат свесни за своите чувства за време на сексот, а не пред него.

НЕ ја покажувате својата сексуална енергија. Забавно е, но не секогаш мора мажот да биде организатор, иницијатор и водач на сексот. И мажите сакаат да слушнат како барате од него да водите љубов, како барате конкретна поза, се трудите да го возбудите со бакнежи… Не легнувајте само на креветот како да сте мртва. Покажете што знаете и можете.

НЕ експериментирате. Мажите размислуваат за секс 1000 пати во денот. Фантазираат за различни локации, облеки, пози. И сето тоа ако го исполнат во реалноста го доживеале врвот. Затоа да употребете малку фантазија за да го направите вашиот партнер сексуално задоволен. Изненадете го со нова долна облека, поза, јавете му се додека е на работа и кажете му по некој валкан збор.

НЕ очекувајте дека ќе ги чита вашите мисли. Се разбравме дека партнерот ни најмалку не размислува како вас. Затоа не се срамете директно да му посочите што ви се допаѓа, а што не сакате да прави за време на сексот. Секогаш кога ќе исполни некоја од вашите фантазии, вратете му со иста мера.

НЕ критикувајте го. Наместо во себе да се јадосувате или уште полошо да судите колку му значите според тоа колку ве задоволува, отворено зборувајте со него. Критиките ништо не ви вредат ако не ги кажувате на вистинското лице.

НЕ го обвинувајте за тоа што не сте доживеале оргазам. Владее ставот дека мажот е одговорен за тоа дали жената ќе постигне оргазам. Но, воопшто не е така. Секоја од вас самата треба да се потруди да го постигне. Партнерот може само ви помогне да стигнете полесно до таму.

НЕ го користете сексот како оружје. Оваа особина најмногу може да го изнервира мажот. Тој никогаш сексот не го меша со проблемите. Наместо да му се заканувате дека ќе го скратите неговото најголемо задоволство, седнете и разговарајте.

НЕ мислете дека го гледа вашето тело со ваши очи. Додека вие се кочите, тој си ужива. Не му смета ништо кај вас, напротив го обожава вашето стомаче. Никогаш не му паѓа на памет да го изгаси светлото. Затоа еднаш за секогаш, исфрлете си го тоа од памет. Мажите се програмирани да не гледаат ниеден недостаток на вашето тело, се додека вие не му го посочите.

НЕ бидете премногу нежна. Секако дека нежноста кај една жена е привлечна за секој маж, но кога станува збор за сексот, тие сакаат да ја осетат и вашата дива страна. Особено кога станува збор за интимните делови на неговото тело, не се однесувајте со нив како во секој момент дека ќе ги скршите.

НЕ го користите сексот за помирување. За жал, многу помал е бројот на паровите кои го користат сексот после кавга. Причината е поради специфичните сфаќања на жената за тој посебен чин. Но, пробајте да го искористите некогаш како терапија, ќе се изненадите колку добро ќе се чувствувате по чинот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.