Осумдесетгодишен маж се обидел да се качи на лет на аеродромот Тенерифе Југ со својата почината сопруга, која ја превезувал во инвалидска количка како да е обичен патник. Инцидентот се случил на безбедносен контролен пункт, а персоналот не се посомневал во ништо сè додека еден обезбедувач, откако поминале низ детектор за метал, не забележал дека жената не реагира, по што биле активирани протоколи за итни случаи, објавува Diario de Avisos.
„Ненормално ниска температура“
„Обезбедувањето ѝ се приближи на жената, а мажот ѝ ја подаде инвалидската количка. Кога таа ја фати за рака, забележа дека температурата ѝ е ненормално ниска и дека не дише. Работникот веднаш го извести надзорникот. За неколку минути беше активиран протоколот за итни случаи и голем број обезбедувачи, членови на Цивилната гарда и форензички персонал пристигнаа на местото на настанот“, објасни еден од вработените на аеродромот.
Според првичните изјави на сопругот, неговата сопруга починала неколку часа претходно, во самиот аеродромски комплекс. Сепак, некои вработени истакнуваат дека мажот во неколку наврати се обидел да го обвини аеродромот за смртта, факт што го истражуваат надлежните органи.
Сличен случај
Мажот, кој беше уапсен, соработуваше со полициските службеници додека се преземаа понатамошни мерки. Истрагата останува отворена со цел да се разјаснат околностите на смртта и да се утврди дали постои кривична одговорност. Овој инцидент има сличности со друг случај што се случи пред неколку дена на лет на „Изиџет“ помеѓу Малага и Лондон, кога еден маж успеа да ја внесе својата почината сопруга во авионот.
Во оваа ситуација, екипажот забележал пред полетувањето дека жената не покажува знаци на живот. Според авиокомпанијата, патничката имала лекарско уверение кое ѝ дозволувало да лета и починала во авионот.
The post Маж во Тенерифе се обидел да ја внесе починатата сопруга на авион во инвалидска количка appeared first on Во Центар.



